Беа Џонсон првпат во Скопје: Како до една тегла ѓубре годишно?

Самоник дава поддршка на настанот „Беа Џонсон првпат во Скопје: Како до една тегла ѓубре годишно?“ кој е инициран од неформалната група „Од нула до нула“. Беа Џонсон е светски позната поборничка за концептот нула отпад. Доколку сакате да слушнете што е тоа нула отпад, пријавете се за некое од предавањата кои ќе се одржат во Скопје на 20 март.

Зошто е важен концептот нула отпад? Како можете да се пријавите за предавањата? 

Некои од нас јадат плескавици од свинско, други само од наут, едни чекаат на пешачки, други во автоперални, едни трчаат по попусти, други на кеј, едни сакаат да падне забраната за пушење, други таа за купување алкохол навечер – како било, едно е сигурно: сите фрламе ѓубре. И така, депониите растат во недоглед, од полните контејнери упорно тргаме поглед и чекаме да запролети за да заборавиме на загадувањето.

Погодувате – (и) ова можеме да го смениме!

Наспроти општото верување кај нас дека спасот од ѓубрето е (само) во селектирањето и рециклирањето на отпадот од домаќинствата – над 90% од отпадот на нашите депонии излегуваат од македонските домаќинства! – стои концептот „нула отпад“ и сè повеќе луѓе кои воопшто не создаваат ѓубре. Добро, претеравме, признаваме: создаваат само една тегла ѓубре годишно!

Сакате да слушнете како? Да прашате како?
Тогаш, заокружете си го 20-ти март и пријавете се на http://tiny.cc/ondn-prijavise
За животот без отпад ќе ни зборува фантастичната Беа Џонсон! И тоа двапати – прво, на Универзитетот Американ Колеџ Скопје во 16.00 часот, а потоа во „Јавна соба“ во 19.00 часот.

Предавањата се бесплатни, пријавувањето задолжително, а бројот на места ограничен!

Најголемата поддршка на настанот ја даваат Нула Отпад доо – Скопје, „Суниленс“ и “Екон Електрон“, а организациски го помогнаа „Пакомак“, „Самоник“, АРНО и „Ококори“.

Бујрум!

Фејсбук настан