Изложба на жителите на „Островот на имагинацијата“ | Exhibition by the Imagination Island Citizens

Драги пријатели,

Срдечно ве покануваме на изложбата на дела изработени од жителите на „Островот на имагинацијата“ за време на креативните работилници од истоимениот проект.

Изложбата ќе се одржи оваа сабота (12 ноември) од 13,00 до 15,30 часот на нашиот остров (структурата од гајби која е поставена во дворот на Архитектонскиот факултет во Скопје).

Наминете да ја погледнете изложбата и да учествувате во низа креативни активности за големи и мали деца:
>> изработка на летала << >> изработка на брзи скулптури <<
>> поезија со затемнување (blackout poetry) << >> изработка на честитки <<

~~ Дојдете да се дружиме и да ја разбрануваме креативноста! ~~

Топли поздрави,
жителите на „Островот на имагинацијата“

 

Dear friends,

We cordially invite you to the exhibition of works created by the Imagination Island citizens during the creative workshops from the project bearing the same name.

The exhibition will take place this Saturday (November 12) from 1PM to 3:30 PM on the island (the crate structure located at the Faculty of Architecture in Skopje (the yard area)).

Pop by to see the exhibition and participate in a number of creative activities for the young and the young at heart:
>> kite making << >> instant sculptures << >> blackout poetry << >> card making <<

~~ Join us for a bit of fun and some creativity boosting activities! ~~

Warmest regards,
the Imagination Island citizens