Остров на имагинацијата | Imagination Island (2016)

Проектот „Остров на имагинацијата“ е седуммесечен проект чијашто цел е да создаде инспиративен простор за искуства, учење и дебата за учениците од основните училишта од Скопје. Убедени сме дека преку користењето на уметностите и културата можеме да ја засилиме креативноста која веќе постои во заедниците, особено кај децата и младите, и да изградиме мрежи и нишки на поврзаност во заедниците, да решаваме проблеми и да го зголемиме чувството за тоа дека местата каде што живееме, работиме и растеме ни припаѓаат нам. Чувството на припаѓање и духот на заедницата се концепти со кои младите треба да се запознаат од најмала возраст за да можат да градат и да учествуваат во здрави, емпатични, грижливи, активни и интересни заедници. Во рамките на овој проект ќе изградиме „мобилна структура за култура“ којашто ќе може да патува низ различни маала и да нуди креативни програми за деца блиску до нивните домови преку специјално изготвен наставен план за креативно изразување кој ќе се имплементира преку неделни и дневни престои во маалата.

Проектот е поддржан од Програмата Community Engagement Grants на Амбасадата на САД.

The Imagination Island project is a seven-month project whose aim is to create a stimulating experience, learning and discussion space for elementary school students from Skopje. We strongly believe that by using arts and culture we could amplify the creativity that already exists in communities, especially among children and young people, and build community networks, solve problems, and enhance our sense of ownership in the places where we live, work and grow. The sense of ownership and community spirit as concepts should be instilled in young people as early as possible so that they are able to build and participate in their own healthy, empathetic, caring and engaging communities. Within this project, we are going to build a “mobile cultural hub” that could travel to different neighborhoods and provide kids with creative programming in their backyards through a specially designed creative expression curriculum implemented through weekly and daily neighborhood residencies.

The project is supported by the U.S. Embassy Community Engagement Grants Program.

Leave a Reply

Your email address will not be published.