Час по уметност 1 | Art Class 1

Во наредните неколку месеци во серија гиф-предавања подготвени заедно со кураторката Кирила Цветковска ќе се обидеме да ви претставиме низа уметници и уметнички дела кои не’ инспирираат. Темата на првиот циклус од четири гиф-предавања ја опфаќа темата „патување“ и нејзиното многустрано толкување.

In the next couple of months we will be presenting a plethora of artists and artworks that inspire us through a series of GIF lessons prepared in collaboration with the curator Kirila Cvetkovska. The first cycle of GIF lessons will cover the topic of travel and its multifaceted interpretations.

 

{Час по уметност 1}

Grand Tour (1660-1840)

„Ништо не може да се спореди со новиот живот овозможен преку откривањето на друга земја, за еден промислен човек. Иако јас сè уште сум истиот, верувам дека сум променет до сржта.” ― Јохан Волфганг фон Гете, „Патување во Италија“

Grand Tour било вообичаено патување низ Европа, главно од страна на богати Европејци, во периодот од 1660-1840. Ова патување е опишано во Њујорк Тајмс:

„Пред триста години, млади богати  Англичани по завршувањето на студиите на престижните универзитети Оксфорд и Кембриџ се упатувале кон Франција и Италија во потрага по уметност, култура и по корените на западната цивилизација. Со речиси неограничени финансиски средства, аристократски врски и месеци (или години) предвидени за шетање, тие нарачувале слики, ги усовршувале своите јазични вештини и се дружеле со високата класа на континентот.“

— Грос, Мет., „Лекции од скромната Grand Tour“

Туристите обично го нарачувале својот портрет насликан среде културните локалитети кои ги посетувале. Уметникот Помпео Батони ја изградил својата уметничка кариера врз основа на ваквиот вид портрети и станал многу познат во Рим.

За понатамошно истражување:

Предложен есеј: http://www.metmuseum.org/toah/hd/grtr/hd_grtr.htm

Предложена книга: Јохан Волфганг фон Гете, „Патување во Италија“

 

{Art Class 1}

Grand Tour (1660-1840)

“Nothing can be compared to the new life that the discovery of another country provides for a thoughtful person. Although I am still the same I believe to have changed to the bones.” ― Johann Wolfgang von Goethe, Italian Journey

The Grand Tour was a customary voyage of Europe, embarked on generally by wealthy Europeans in the period from 1660-1840s. As described by the New York Times:

Three hundred years ago, wealthy young Englishmen began taking a post-Oxbridge trek through   France and Italy in search of art, culture and the roots of Western civilization. With nearly unlimited funds, aristocratic connections and months (or years) to roam, they commissioned paintings, perfected their language skills and mingled with the upper crust of the Continent.

— Gross, Matt., “Lessons From the Frugal Grand Tour.”

The tourists would usually have their portrait painted amidst the cultural sites they traveled to. The artist Pompeo Batoni built his artistic career on these types of portraits and became very popular in Rome.

For further exploration:

Suggested essay: http://www.metmuseum.org/toah/hd/grtr/hd_grtr.htm

Suggested book: Johann Wolfgang von Goethe, Italian Journey