ЗА НАС | ABOUT US

Здружението за креативно талкање „Самоник“ е непрофитна организација која преку своето работење ја поддржува креативноста и подлабокиот ангажман и учество во заедницата кај младите и возрасните преку можности за неформално образование и креативно изразување. Веруваме дека токму овие аспекти се коцките преку кои се градат заедници полни со живот и поединци полни со грижа и емпатија. Ги користиме уметностите да ја оживееме нашата заедница и да зборуваме за поголемите предизвици со кои таа се соочува.
The Association for Creative Wandering Samonik is a nonprofit organization dedicated to supporting creativity and meaningful community engagement for youth and adults through opportunities for non-formal education and creative expression. We believe that these particular aspects are the building blocks for shaping thriving communities as well as caring and empathetic individuals. We use the arts to enliven our community and talk about the bigger challenges it faces.