Пријава за креативните работилници од „Островот на имагинацијата“

Почнувајќи од втората половина од месец септември до првата недела на месец ноември ќе се одржуваат креативните работилници од проектот „Остров на имагинацијата“ поддржан од Community Engagement Grants на Амбасадата на САД во Скопје. Во текот на овие два месеци се предвидени 16 бесплатни креативни работилници за ученици на возраст од 9 до 11 години кои ќе се одржуваат два пати неделно во времетраење од еден час (60 минути) во специјално дизајниран објект – „островот на имагинацијата“ – поставен во дворот на Архитектонскиот факултет Скопје. Времето на одржување на работилниците ќе се одвива по училишните часови, а точниот час ќе се одреди во договор со родителите по формирањето на групите.

 

Креативната програма ќе се одвива во четири тематски целини:

 

1) Пронаоѓање, запознавање и оживување на „Островот на имагинацијата“:

1.1. Жителите на островот;

1.2. Градење на островот I;

1.3. Истражување на островот;

1.4. Градење на островот II.

 

2) Разгледување и истражување на „Островот на имагинацијата“:

2.1. Ние сме истражувачи на светот;

2.2. Како да бидеш светски истражувач?;

2.3 Каков е вкусот на…?;

2.4 Што ако ви недостасува едно од сетилата?

 

3) Развивање и вежбање на имагинацијата:

3.1. Колку и што знаете за митовите?;

3.2. Чекајте да ви раскажам една приказна;

3.3. Митските суштества оживуваат;

3.4. Градење на музеј на звуци од животни.

 

4) Островот на имагинацијата во нашата заедница:

4.1. Како да ја сакаме нашата планета;

4.2. Како (вистински) да ја сакаме нашата планета;

4.3. Фестивали за жива заедница;

4.4. Придонес во заедницата: „Нашата изложба“.

 

Во предвидените тематски целини учениците ќе се изразуваат креативно преку ликовната уметност (цртање и создавање скулптури), рачни изработки (crafts) и креативно пишување. Создадените дела на учениците ќе бидат претставени на завршна изложба која ќе имаат можност тие да ја осмислат и презентираат (курираат) во соработка со фацилитаторите. Во текот на целиот процес ќе се поттикнува градење на индивидуална креативна експресија, како и градење на вештини за тимска работа и соработка меѓу учениците.

 

Фацилитатори на работилниците ќе бидат Андреа Велинова, дипломиран психолог, и Леа Линин, дипломиран културен менаџер со искуство во организирање на креативни работилници за деца.

 

Сите заинтересирани родители може да ја пополнат следнава апликација за учество на нивното дете во креативните работилници на „Островот на имагинацијата“: Апликација-за-учество-во-креативни-работилници.docx Пополнетата апликација испратете ни ја на hello@samonik.org.

 

Пријавете се до 19 септември.

 

За какви било дополнителни информации, обратете ни се на hello@samonik.org или 071/358-435.