Повик за дизајн на мобилна структура | Mobile Structure Design Competition

/Повик за студенти од Архитектонски факултет Скопје/ /20 мај – 20 јуни/

Ако си:

• имагинативна/имагинативен;
• сонувачка/сонувач;
• другите ти викаат дека излегуваш од рамките на конвенционалното;
• се` уште веруваш во бајки;
• сакаш да придонесеш за заедницата;
• си студент/ка на Архитектонски;
• сакаш да ја изразиш својата креативност надвор од факултетските рамки.

Пријави се заедно да го изградиме „Островот на имагинацијата“!

„Островот на имагинацијата“ треба да претставува мобилна структура во која ќе се одржуваат креативни работилници, изложби, претстави, презентации и предавања. Структурата ќе патува низ скопските маала и ќе биде креативниот дом на истоимениот проект кој ќе го води Здружението за креативно талкање „Самоник“ од Скопје.

Општи насоки за структурата:

  • лесна за транспорт;
  • лесна за склопување;
  • капацитет: 10-15 луѓе;
  • да има место/простор за творење;
  • да има место за седење;
  • да може да биде изработена од евтини материјали.

Идејното решение треба да содржи:

  • основи во кои ќе се прикаже мобилната структура;
  • изгледи;
  • 3D модел (детали);
  • опис на предвидени материјали.

Затворете ги очите и отворете ја имагинацијата (боите, дизајнот, формата и интуицијата ги оставаме на вас).

Информации за аплицирање:

  • можете да аплицирате индивидуално или во група од максимум 4;
  • идејното решение испратете го најдоцна до 20 јуни на hello@samonik.org.

Ако имате дополнителни прашања, слободно обратете ни се на hello@samonik.org или 071/358-435.

Симни ја брошурата тука.